Опасна отворена шахта на пресекот од „Бистрица“ и „Туристичка“

Граѓани се жалат на опасна отворена шахта на пресекот од улица „Бистрица“ и Булеварот „Туристичка“. Опасноста е уште поголема во вечерните часови бидејќи на оваа локација не функционира и осветлувањето.

 |  Мишел Наумоски  | 
sahta
шахта

sahta BistricaОтворена шахта на пресекот на улица „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“ потенцијална опасност за охриѓани. Загрижени граѓани ни го посочија овој проблем кој според нив станува уште поопасен во вечерните часови бидејќи токму на оваа локација не функционира и јавното осветлување. Тие велат дека за проблемот се обратиле до локалната самоуправа од каде добиле објаснување дека осветлувањето не се санира бидејќи на тоа место за скоро треба да се гради кружна крстосница. Стапивме во контакт со надлежните служби при МЈП „Проаква“.

Директорот на јавното претпријатие не информираше дека во текот на вчерашниот ден бил поставен бетонски капак со цел да се спречи некаков несакан инцидент, но ете веќе денес, нашата камера регистрира дека истиот е оштетен.

opasna sahtaОд  „Проаква“со ветување дека уште во текот на утрешниот ден ќе интервенираат и ќе ја покријат оваа потенцијално опасна шахта. Во однос на осветлувањето на крстосницата пак ги контактиравме во Фондот за комунален равој и сообраќај. Од таму добивме информација дека нивните служби деновиве работеле на отстранување на дефекти во јавното осветлување, а поврзани со обилните врнежи кои изминатата недела го зафатија регионот. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој и сообраќај во телефонски разговор вети дека деновиве дефектот ќе биде отстранет и крстосницата на пресекот на улицата „Бистрица“ со булеварот „Туристичка“ ќе биде осветлена.

Останува прашањето дали бетонскиот капак кој не е порамнет со коловозот е безбедно и трајно решение и дали тоа ќе биде земено во предвид од страна на екипите на МЈП Проаква при утрешната интервенција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top