Опаднат интересот за имунизација од сезонски грип

Граѓаните во овој  период на имунизација  покажале  послаб интерес во однос на минатата година, за да примат вакцина против сезонскиот грип.

 |  Валентина Неловска  | 
imunizacija
имунизација

vakcinacijaГраѓаните во овој  период на имунизација  покажале  послаб интерес во однос на минатата година, за да примат вакцина против сезонскиот грип. Центарот за јавно здравје од Охрид набавил 3000 вакцини. За намалениот интерес за примање на вакцина против сезонски грип д-р Михаилов посочува две причини.

Ланската кампања против вакцината за свинскиот грип, како и моменталните временските услови.

Ланската кампања против вакцината за свинскиот грип и фамата со минатогодишните случувања и искуства со оваа вакцина, сепак без поголемо влијание врз граѓаните. Граѓаните, и покрај се сепак и веруваат на медицината.

Од Центарот за јавно здравство се оптимисти дека сепак граѓаните кои имаат хронични заболувања допрва ќе се одлучат за имунизација и ќе се  вакцинираат против сезонскиот грип. Располагаме со класични проверени вакцини избрани на тендер нагласува д-р Михаилов. Укаѓува дека она што го  зацртале како превентивен план во Центрите за јавно здравство се остварува. Единствено останува спорна брзината на трошење на вакцината. Лани само за 15 дена биле потрошени сите набавени количини на вакцина, а годинава се останати околу 500. Но, веруваат дека и тие ќе бидат потрошени бидејќи покрај  Охрид, се и за реонот на Струга и Дебар.

Медицинските лица потврдуваат дека сепак имунизацијата влијае позитивно врз здравјето на хроничните болни. Најдобар период според нив за да се прими вакцината против сезонски грип се месеците октомври и ноември.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top