Ништо од средствата во износ од околу милион и петстотини илјади евра на адреса комуналии за изградба на проектот Плаошник.
Отпочнаа земјените работи на комплексот Плаошник. Ингеренциите за издавање на одобрение за градба одземени и се на општина Охрид и дадени му се на Министерството за транспорт и врски, вели градоначалникот Петрески. Тоа е направено со одлука на Владата со изговор дека тоа е земјиште од национален интерес. Петрески вели дека ваквиот потег на Владата е само уште една потврда дека на граѓаните на Охрид им се прави класично економско ембарго.
„Ако е така зошто воопшто бараа пресметка на комуналии, зошто воопшто разговараа. И друго во тоа решение стоеше дека имаме право на жалба во рок од 15 дена. Ние ја обжаливме и уште не добиен одговор од Второстепена комисија тие издадоа одобрение за градба што е спротивно на законот и во тој дел има прекршување на законот“, вели градоначалникот.
Петрески категоричен дека интересите на граѓаните на општина Охрид мора да се штитат. Според него познато е дека местоположбата на Плаошник е специфична и додава дека не би можело да ја поднесе целата машинерија која треба да помине низ варошките улички за изградба на проектот кој треба да има 14 објекти. Тој вели дека ќе направи се што е во рамките на неговите можности согласно законот да спречи се што не е во интерес на охриѓани.
ТВМ во врска одземените ингеренции за издавање одобрение за градба на локалитетот Плаошник на општина Охрид, побара официјален став од Министерството за транспорт и врски. Во одговорот од портпаролот на ресорното министерство Драган Симоноски стои: Ве информираме дека не се одземени надлежностите од општината. Имено, со оглед на тоа што станува збор за објект од прва категорија, локалната самоуправа нема надлежност за издавање на одобренија за градење, туку истото е надлежност на Министерството за транспорт и врски. Согласно Законот за градење за објекти од прва категорија градежно-техничката документација ја издава Министерството за транспорт и врски, а за објекти од втора категорија истата ја издава локалната самоуправа, односно општината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град