ОО СДСМ: Од ВМРО ДПМНЕ критикуваат без аргументи

Ние од СДСМ – Охрид им порачуваме  на  ВМРО ДПМНЕ не плукајте по се’ што е постигнато имајте  доблест и на реалноста погледнете и’ во очи.  Не гледајте само тесно партиски и не пишете соопштенија  со истрошена реторика од затворени кабинети, им порача на ОК на ВМРО ДПМНЕ охридските социјалдемократи.

 |   | 

Во видео и  електронското издание на отчетот на градоначалникот се презентирани само највпечатливите достигнувања и завршени проекти а ред други само се наброени. Од ВМРО ДПМНЕ критикуваат без  аргументи, реагираат од ОО на СДСМ Охрид. Од таму децидни дека  Георгиески не само што не треба да си замине, туку тој ќе остане за да заврши се што е планирано. Охридските социјалдемократи му порачуваат на ОК на ВМРО ДПМНЕ да не плукаат по се што е направено и при тоа издвојуваат дел од проктите реализирани во првата година од мандатот на Георгиески.

Врв на тоа како се сака Охрид и како се работи во негов интерес е враќањето на Финансиската стабилност на општината, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО ДПМНЕ по Отечетот на градоначалникот Константин Георгиески. Од ОО на СДСМ Охрид набројуваат дел од проектите кои биле успешно реализириани од страна на градоначалникот , локалната и јавните претпријатија:

„Санација  на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и чистење на секундарната канализациска  мрежа во Охрид и Струга, нешто што не е направено од почеткот на функционирањето на колекторот. Во тек се подготвителните активности за  изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“. Во истиот комплекс  се одвива и градбата на затворениот пливачки базен. Централната власт застана зад Охрид и во борбата за зачувување и надградба на статусот на Охрид во УНЕСКО . Постепено се решаваат препораките на Мониторинг мисијата. Нешто што се  таложело со децении не може да смени за година –две. Охрид конечно доби покриен – современ зелен пазар.  Растоварен е стариот дел на градот и централното подрачје од сообраќај и паркирање а секојдневно со залагање на  јавните претпријатија  се менува ликот на градот со нови реконструирани улици, канализациска, фекална  и водоводна мрежа, зеленило и уредени паркови. Историското одблокирање на сметката на ОУ  „Григор Прличев“ кое  претходната локална власт немоќно го одложуваше. Наскоро – Охрид ќе има современ влез  од  Исток а конечно се реконструира и улицата  „Абас Емин“ која со децении беше „жежок костен“ за многу градоначалници  и еве  токму  во времето на Георгиески започна нејзиното современо уредување, се вели меѓу другото во реакцијата од ОО на СДСМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top