ОО СДСМ Охрид: Нa Мауцкер му се случува еколошко злосторство

Почитувани граѓани, Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески информираше за расчистување на градежен шут и отпад од локалитетот Мауцкер иако тој нема никаква надлежност.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Почитувани граѓани, Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески информираше за расчистување на градежен шут и отпад од локалитетот Мауцкер иако тој нема никаква надлежност.

Според актите на општината, секретарот е одговорен исклучиво за работата на општинската администрација и не може да ја превземе надлежноста на јавните претпријатија.

mauckerНајверојатно затоа Спасески покажа елементарни непознавања за проблемите со отпадот на локалитетот Мауцкер.

На Мауцкер безмалку 2 години му случува еколошко злосторство. И наместо некој да сноси одговорност за тоа, главните протагонисти застанаа пред камерите, обидувајќи се уште еднаш да ја изманипулираат јавноста и да ја префрлат вината за сопствената немоќ, неспособност и нестручност врз други.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ многу одамна на ова место предвиде индустриска зона но сепак продолжи да депонира отпад.
Мауцкер прерасна во дива депонија токму во последните 20 месеци, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на локална власт, кога ЈП ,,Охридски комуналец” почна да го депонира отпадот.

Јавноста имаше прилика да ја види жалната и грда слика на дивата депонија за чие создавање и постоење во изминатите 20 месеци вината ја сносат исклучиво одговорните лица од локалната самоуправа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top