Уште едно олеснување за корисниците на социјална парична помош

„Условен паричен надоместок“, ново олеснување при школувањето на децата од социјално загрозени семејства.

 |  Татјана Маленкова  | 
ucenici
ученици

Ekrem Kaljoshi„Условен паричен надоместок“, ново олеснување при школувањето на децата од социјално загрозени семејства. Оваа програма започна да се применува од годинава, а  бенефит од проектот ќе имаат семејствата корисници на социјална парична помош, кои имаат дете или деца, ученици во средно образование и кое се редовни во наставата.

„ За секој ученик запишан во средно оразование предвидени се по 12 илјади денари годишно, распределени во четири квартали, со цел подигнување на нивото на обраованието. Ова е една од мерките кои ги предвидува владата и министерството за труд и социјална политика за заштита на оваа категорија корисници“, вели директор на центар за социјални работи, Екрем Каљоши.

Проектот „Условен паричен надоместок“, почна да се имплементира, а првата исплата е направена неделава. Носителот на социјална парична помош, парите ги зема на име на децата.  

„ Условите за остварување на ова право се воздраста на детето кое е запишано во средно образование да кореспондира со воздраста за школување во средно образование.

Во Охрид правото за коистење на овој бенефит се 78 деца.  Пред неколку дена се изврши првата исплата по ова право и во Охрид беа изплатени 224 000 денари“, додава директорот.

Каљоши додава дека децата кои ја користат овој бенефиција треба редовно да посетуваат настава поточно во кварталот да имаа посетувано 85 посто од наставата. Преглед на разгледување се и оправданите и неоправданите изостаноци. Доколу ученикот има повеќе изостаноци, тогаш го губи правото за добивање средства за тој квартал, вели директорот. Тој уште додава дека центарот за социјлни работи нема увид во податоците на училиштето, затоа што бројот на изостаноци училиштата директно ги испраќаат во министерството.

Средствата за прокетот „Условен паричен надоместок“ се обезбедени преку договор за заем на меѓународата банка за обнова и развој.

Директорот на центарот за социјани работи додава дека има интенција програмата да се префрли и во основното образование.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top