Околу 100 правни и физички лица бараат оштета од државата

Околу 100 правни и физички лица бараат оштета од државата поради претрпените штети од силниот ветар и невремето кое го зафати Охрид минатиот викенд. Комисијата за  проценка на штети од елементарни непогоди постојано е на терен и врши проценка на пријавените оштетувања. Републичката Комисија за проценка на штети ќе одлучи дали и во колкав процент ќе бидат обештетени субјектите и дали ќе добијат оштета и за оние делови кои биле нелегално изградени.

 |  Јаковлева Лионела  | 

До Општинаската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди до петокот се доставени 82 барања од правни и физички лица кои претрпеа штета од невремето кое го зафати Охрид минатиот викенд. Комисијата од понеделникот е на терен и врши проценка на пријавените оштетувања и досега има извршено увид кај 25 оштетени.

Према барањата како што се поднесени од правните и физичките лица истото е констатирано и на лице место од страна на Комисијата. Значи се она што е наведено во барањата и навистина е оштетено, вели Раде Велјаноски, претседател на Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди.

Во невремето кое го зафати Охрид најмногу настрадаа угостителските објекти кои се наоѓаат на првата брегова линија. Платформите и доградените тераси попуштија под налетот на силните бранови. Најголемиот дел од нив беа нелегално изградени без дозвола за градба и без некоја посебна статика. Се наметнува прашањето дали државата ќе ги обештети и оние објекти кои се дивоградби.

Ние како општинска комисија обврзани сме да вршиме проценка на се што е пријавено, без разлика дали е легално или не ние мора да извршиме проценка бидејќи така е според Законот, објаснува Велјаноски.

Велјаноски кажува дека физичките и правните лица заедно со барањата имаат доставено и документација, договори за концесија и одобренија за работа така што при обештетувањето и тоа ќе се земе во предвид. Општинската комисија откога ќе направи проценка, изготвува елаборат кој се доставува до Советот на општина Охрид, тој носи одлука па потоа одлуката и елаборатот се испраќаат до Владата на РМ, односно до републичката Комисија за проценка на штети. На крај комисијата одлучува дали и во колкав процент ќе бидат обештетени субјектите и дали ќе добијат оштета и за оние делови кои биле нелегално изградени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top