ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Каде се ветените катни гаражи?

Локалната власт на СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески за период од без малку година и пол ја карактеризираат безидејност, неработење, неодговорност и негрижа за охриѓани, обвинија денеска на прес конференција од Ок на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 

„Нема ништо од изградба на катни гаражи во централното градско подрачје и изведба на кружен тек на сообраќај кај автобуската станица. До каде се поведувањето иницијативи за изградба на експресен пат Охрид-„Свети Наум“ и изградба на обиколница Мауцкер-Косел? Го повикуваме в.д градоначалникот Георгиески да се фотографира со дел од лажните ветувања како што се комплетното инфраструктурно уредување на улица „Абас Емин“ и асфалтирањето на улица „Прва македонска ударна бригада“, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top