ОК од ВМРО ДПМНЕ обвинува

Точките од дневниот ред на  вчерашната седница се изгласаа зад нивни грб.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Точките од дневниот ред на  вчерашната седница се изгласаа зад нивни грб. Претседателот на советот ги негира ваквите обвунувања и вели СЕ се работеше легитимно.

sovetnici„Вчера точно на 5 месеци од формирањето на Советот на општина Охрид јасно видовме како се кршат сите принципи на работа на истиот од страна на карикатурално составеното мнозинство поттикнато од задоволувањето на свои интереси, наместо на граѓаните“, ова стои во дел од дописот од ОК на ВМРО ДПМНЕ испратен до редакцијата на ТВ М.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ, Реагираат за случувањата на вчерашната седница и експресното донесување на многу предлог одлуки без присуство на советниците од оваа партија. Во дописот уште стои дека  овие настани докажуваат дека  Охрид е жртва на теснопартиски и лични интереси. Прашуваме, стои во дописот од ВМРО ДПМНЕ колкава е цената на пазарењето при вчерашните прекини,притисоци и колкава е цената на промена на гласањето?
ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги премолчи овие сметки и пресметки на мнозинството. Очигледно дека ниту сакаат ниту знаат како да се води градот, стои во дел од дописот кој пристигна во редакцијата на ТВ М од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
По овие обвинувања упатени на сметка на работата на советот, реакција од претседавечот на истиот.

Душко Јаковчески вели „Проблемот настана по паузата која ја побара координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Работта требаше да ја продожиме околу 14 часот и 15 минути“, вели Јаковчески.  

„Се изненадив кога слушнав на вестите дека вчера сме работели зад грб на советничката група од ВМРО ДПМНЕ. Работата на советот ја продолживме легитимно и статутарно“, вели претседавачот на советот на општина Охрид.  

Инаку првиот дел од вчарашната седница како што веќе ТВМ  веќе информираше помина повеќе со паузи отколку работно. Точките од дневниот ред се изгласаа попладнето, со што конечно заврши продолжената 6 та седница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top