ОК ВМРО ДПМНЕ: Антикорупциска да постапи за случајот со советникот Сашо Ставрески

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид денеска јавно побараа од Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапи по доставената,  од нивна страна, претставка за судир на интереси. Партискиот портпарол ја повика Комисијата навремено да реагира во однос на случајот со советникот Сашо Ставрески поради извршување на две функции истовремено.

 |   | 

„Антикорупциската комисија треба веднаш да констатира состојба на судир на интереси кај советникот Ставрески бидејќи е член на Советот на општина Охрид и истовремено врши функција в.д. директор на ОУ „Григор Прличев“.
Законот за спречување на корупција и судирот на интереси е јасен и дециден во член 44 став 2 за неспоивост на функции и дека во тој случај се губи статусот на член на советот.
Зошто ваквата ситуација не е констатирана од претседателот на Советот на општина Охрид?
Георгиески да одговори која е причината што се чека да се свика седница на која ќе се констатира разрешувањето?
Посочуваме дека советникот треба доброволно да се откаже од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршува со што ќе ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.“ – кажа портпаролот Божиновски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top