ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид обвини за противзаконски вработувања

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

 |   | 

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

„СДСМ и градоначалникот Георгиески ветуваа едно Општество за сите, ама само на зборови затоа што тоа спроведено на дело значи само за лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници.Во МЈП „Проаква“ Р.Е. „Водовод“ се вработуваат општи работници кои ескпресно стануваат раководители. Важи ли законот за директорот Владимир Алексијоски? Дали Георгиески е свесен што му се случува во јавните претпријатија или пак свесно молчи за сите незаконски вработувања како и назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси?
За ваквите незаконски работи ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветна пријава до Управниот инспекторат, како и пријава за злоупотреба на службената должност и овластување на директорот Алексијоски.“ – кажа Перчо Божиновски портпарол ОК на ВМРО ДПМНЕ

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top