ОИШ на СДСМ од Охрид ги објави последните обработени резултати од изборите

Според последните резултати на Аналитичкиот центар на ОИШ на СДСМ, од обработените материјали од 60 од 73-те избирачки места на територијата на општина Охрид, кандидатот за градоначалник на СДСМ Александар Петрески освоил 11.239 гласови и води пред противкандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Трендалфилов – Нанче за кого се изјасниле 10.479 гласачи.

 |  информативна  | 
logo
лого

izboriСпоред СДСМ, трет е кандидатот на НСДП Ацо Попоски со 2.024 гласа.

Истовремено од Изборниот штаб на СДСМ информираат дека од обработени материјали од 40 избирачки места во делот од изборите за советници, во новиот состав на Советот на општината, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 4.206 гласови, на второ место е советничката листа на СДСМ со 3.506 гласови, додека трета е ВМРО-НП со 1.289 гласа.
На изјаснувањето за претседател на Република Македонија, од обработените 43 избирачки места, за кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчковски гласале 4.502 избирачи, за Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ – 6.939 гласачи, за Љубе Бошкоски – 3.268, Имер Селмани – 986, Нано Ружин – 598, Агрон Буџаку – 100 и за Мируше Хоџа – 61 глас, беше истакнато на прес-конференцијата во ОИШ на СДСМ во Охрид. 

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top