Охриѓани вознемирени од земјотрес со епицентар во близина на Корча, Албанија

Рано утрово, во 06:25 часот во соседна Албанија, се случи силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степен, а истиот беше почувствуван и во Охрид и околината.

 |   | 

Рано утрово, во 06:25 часот во соседна Албанија, се случи силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степен, а истиот беше почувствуван и во Охрид и околината.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се случил на околу 14 километри северно од Корча и околу 123 километри североисточно од Тирана, а на длабочина од 10 километри.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај охриѓани. До овој момент нема информации за евентуални штети од истиот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top