Охриѓани уште триесетина дена ќе можат да уживаат во лизгалиштето

Уште триесетина дена охриѓани ќе можат да уживаат во новата забавна содржина на охридскиот плоштад, градското лизгалиште.

 |  Мишел Наумоски  | 
lizgalishte
лизгалиште

Изминува половина од предвиденото време во кое охриѓани ќе можат да уживаат во градското лизгалиште, новата забавна содржина на градскиот плоштад.

lizgalishte na plostadУште од неговото поставување на 24ти Декември, во јавноста провејуваа различни мислења, од тоа дали е потребно, потоа дали е одбрана вистинската локација до тоа дека лизгалиштето е вистински погодок и атракција и за домашните, и за туристите. Екипата на ТВМ излезе на лице место па ги запраша што за него мислат оние кои лизгалиштето го користат единствено за тоа…за лизгање. Еве што ни кажаа децата кои ги затекнавме таму.

„Тука многу ни е интересно на ова лизгалиште, прекрасно. За сите деца се направи нешто во кое може да направиме да биде многу забавно, можеме да се забавуваме и повеќе да се спријателиме.“

„Многу ми се допаѓа. Тука доаѓам често и многу ми е интересно.“

lizgaliste„Доаѓам често, ми се допаѓа лизгалиштето и сметам дека е навистина добро за малите деца да се забавуваат, да се лизгаат, да научат да се лизгаат.“

„Многу ми се допаѓа, многу е убаво, забавно е.“-рекоа дел од децата.

„Мислам дека лизгалиштево што го направија е многу убаво и многу забавно и за малите деца и за големите и за возрасните. Доаѓам често, се лизгам, забавно е, сега се научив да се лизгам.“

На лизгалиштето покрај комерцијалните корисници, бесплатно се лизгаат и голем број ученици од основните училишта од Охрид, како и деца од социјално ранливите категории. Инаку децата, па и возрасните, во оваа забавна содржина ќе можат да уживаат до 15ти Февруари или барем додека временските услови тоа го дозволуваат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top