Охриѓани ќе се смеат до солзи со комедијата „Ах, жени, жени“

Според Лабровски, охриѓани се публика која најмногу ја влечат комедиите и токму затоа оваа претстава е одличен избор.

 |  Мишел Наумоски  | 
komedija
комедија

Денес охриѓани ќе се смеат до солзи со комичната монодрама „Ах, жени, жени“.Оваа претстава ќе биде во изведба на познатиот охридски актер Ташко Лабровски. Тој вели дека во претставата се зборува за недостатоците на жените, гледани од машка страна, прикажани на еден комичен начин.

Labroski komedijaВо шега Лабровски вели дека жените се перфектни и немаат никакви недостатоци, па дека тоа само по себе и дава комичен израз на претставата. Еве зошто ја избрал токму оваа претстава.

„Од досегашното искуство, охриѓани најмногу сакаат комедии, доаѓаат на комедии. Затоа ја користам можноста да ги поканам вечерва во 21 часот да дојдат, да се насмеат. Во основа комедиите се доста прифатени од охриѓаните. Е малку потешко споредено со класичната претстава, но охриѓани се добра публика и сигурно доста ќе ми помогнат за успешно да ја изведам претставата.“-вели актерот Ташко Лаброски.

Сценариото и режијата на монодрамата „Ах, жени, жени“ се на Ташко Лаброски, а ќе биде изведена во малата сала на  Центарот за култура „Григор Прличев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top