Охриѓани први во фрапантниот тренд на иселувања од државава

Ова го говорат податоците со кои неодамна излезе државниот завод за статистика во однос на движењето на населението. 

 |  Мишел Наумоски  | 
iseluvanje Ohrid

375 охриѓани само изминатава година решиле да го напуштат родното огниште и спасот од тешката финансиска ситуација да го побараат во странство. Ова се дел од фрапантните податоци со кои минатата недела излезе Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на миграциите на населението. Само во 2014та државата ја напуштиле 740 граѓани во потрага по подобар живот. Охриѓани се наоѓаат во самиот врв на уште еден негативен тренд, а тоа е миграцијата во некој од другите градови во државата, каде единствено пред нас според статистичките податоци котира главниот град Скопје. Ова болно прашање им го поставивме на охриѓани, зошто тие мислат дека младите го напуштаат Охрид и заминуваат по белиот свет.

Ohrid iseluvanja„Нема работа, тоа е целата работа“

„Не е решен статусот на младите и затоа бегаат. Моите се бегани во Канада, неполни години. Велат кредити, зедоа и таму кредити ама си го решија и станбеното прашање и работа, се вработија по струката, а тука не знам уште колку години да беа, немаше да се вработат.“

„Не е ова прашање од сега, од секогаш бегале. Македонија е печалбарска земја, а непогоденијата што беа последниве 10 години, 15, што се изнаправија тоа повлече и после сакаат на брз начин да се збогатат, не се збогатуват човек на брз начин, тешко се печали.“

statistika iseluvanja„Веројатно немајќи работа, вработување и слични проблеми такви, за подобро нешто.“

“Повеќето е поради тоа што во градов има многу малку вложено. Десет години не е направено ништо. Многу народ има невработен, посебно младите и се одлучуваат да бегаат некаде или ќе се вработат некаде и ќе земаат десет илјади. Не му стигаат само нема, а каде се тука сметките?”

“Каде што има интерес човек таму бега. Парите се пари, инаку и овде се живее и таму. И овде е убаво ама ако се има пари.”

Високата стапка на невработеност е основната причина поради која младите заминуваат од градот и државата според народните избраници од Охрид во македонското собрание. Пратеникот Александар Николоски вели дека справувањето со прашањето на иселувањето на граѓаните е најголемиот предизвик.

ohrid iseleni„Последните бројки ги немам видено, но генерално можам да кажам две работи, првата работа е дека во целиот изминат период не само за Охрид, туку за целата држава правиме напори да се реши основното прашање, а тоа е што поголем економски стандард, односно прво отворање на нови работни места, а потоа што подобра перспектива и на младите луѓе но и на сите оние луѓе кои си ја гледаат иднината во државата. Тоа не е лесен процес, да потсетам дека кога во 2006та за прв пат го добивме мнозинството во парламентот, 38 проценти од населението беше невработено, бројка која беше апсолутен рекорд во Европа во тој период. Во овој момент е нешто над 26, секако тоа е многу но е подобро од она што било претходно.“-рече Николоски.

Инаку во последните 4 години, најголема бројка на отселени лица од државата имало во 2012та кога од државата заминале 1330 граѓани, додека годинава тоа го направиле 740. Секако овде мора да се земат предвид и бројните граѓани кои заминале во странство, а немаат регулиран престој, односно живеат и работат на црно во некоја од западноевропските држави или на американскиот континент.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top