Oхриѓани најмногу заинтересирани за простување на кредитни долгови.
Од денес започнува аплицирањето за отпис на долговите за ранливата категорија граѓани. Пред шалтерот на социјалните работници во Охрид од утрово интересот на граѓаните е голем. Социјалниот работник Лилјана Арнаудоска вели дека граѓаните се добро информирани што може да бараат за да им се отпише како направен долг.
„Луѓево најмногу поднесуваат барања за кредитни картички, и за потрошувачки кредити. За струја има малку затоа што долгот се однесува до 31. 12 . 2013 години , не се однесуваат за 2014 и радиодифузна такаса, но најмногу за кредити“, напоменува Арнаудоска.
Со владината мерка ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година. Отпис ќе има за потрошена електрична и топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радио-дифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата. За отписот на долговите ќе решава владина Комисија, а постапката за отпис на долговите треба да заврши до ноември.
„ Комисија одлучува и ќе ги известува подносителите дали имаат право или не. Комисијата набавува по електронски пат податоци од управата за приходи, банките и електро дистрибуција за да видат колку должат и за што“, додава Арнаудоска.
Со мерката се отпишуваат долговите на три најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.
Охридските баратели документите ќе можат да ги поднесуваат до 18 септември во одделението за детска заштита при Центарот за социјални работи кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град