Охриѓани малку се запознати за ризикот од мозочен удар

Во Охрид малку се знае за ризикот, причините и превенцијата од мозочен удар, велат специјалистите по неврологија. Денес пред ЦК „Григор Прличев“ се одржа акцијата за бесплатни здравствени прегледи и совети за превенција од мозочен удар, во организација на Црвениот Крст од Охрид, а во соработка со Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“.

 |  Николоска Биљана  | 

Во Македонија бројот на мозочни удари е околу 6 000 новонастанати во текот на една година од кои 1 600 завршуваат со фатален исход. Симптомите на мозочниот удар мора секој да ги знае, бидејќи само со навремена реакција може да се спаси живот или да се намали инвалидноста. Д-р Маја Божиноска Смитческа, нагласи дека охриѓани малку се запознати со ризик факторите и мерките за превенција и заштита од мозочен удар.

„Нажалост првичните покзатели се дека многу малку се знае за можочниот удар. Најмногу знаат луѓето кои имале некој во фамилијата или кои го прележале, меѓутоа останатото население кои се здрави знаат малку и нажалост малку од нив ги познаваат симптомите за да можат брзо да реагираат. Слабост на едната страна на телото, на раката на ногата, искривување на лицето, силна главоболкса со повраќање, вртоглавици, губење на свеста, тетеравење, нестабилно одење, промени во говорот сите овие реакции доколку настанат наеднаш во рок од неколку минути би требало да ни укажува дека станува збор за мозочен удар“ – вели д-р Смитческа.

Денес пред ЦК „Григор Прличев“ се одржа акцијата за бесплатни здравствени прегледи и совети за превенција од мозочен удар, во организација на Црвениот Крст од Охрид. Целта на денешната акција е да се подигне свеста кај јавноста околу превенцијата и заштита од мозочен удар.

„Граѓаните имаат можност да направат ЕКГ, прегледи и анкета или проценка за ризик за добивање на мозочен удар кој е доста чест во последно време како и хипертензијата. На 12 септември секоја година го одбележувамне светскиот ден на првата помош и на градскиот плоштад ќе бидеме присутни со тимовите за прва помош, со сите нагледни средства. Граѓаните ќе моѓат да се едуцираат во оваа област“ – изјави Божиноски.

Божиноски најави дека во сабота на 12 ти ќе се одржува и крводарителска акција во просториите на ЦК „Григор Прличев“. Тој  упати апел сите хумани граѓани да дојдат и да даруваат од најскапоцената течност. Божиноски исто така информираше дека во соработка со здружението „Мозочен удар“, ќе се вршат превентивни бесплатни прегледи, така што сите оние граѓани кои денс не успеале да го направат тоа ќе имаат можност тоа да го направат во сабота од 10 до 14 часот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top