Изградбата на нов театар во Охрид ќе почека. Овој објект кој е од исклучителна важност за туристичкиот бисер, ќе чека подобри времиња, бидејќи изградбата на истиот не е приоритет на Министерството за култура, како што најави ресорниот министер Роберт Алаѓозовски.
Охриѓани ќе почекаат за изградба на театар. За идната година Владата за култура издвои 4 милјарди 268 милиони и 497 илјади денари, односно 69 милиони и 406 илјади евра што споредено со лани, тоа е зголемување за 4,48 отсто. Но по се изгледа во нив не се предвидени средства за изградба на Охридскиот театар. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски викендов во рамки на неговата работна посета на културните институции во охридско – струшкиот регион во изјава за медиумите нагласи дека приоритет на министерството ќе биде надминување на проблемите со кои се соочуваат театрите и домовите за култура во државава.
„Наша заложба е да се подобрат условите на сите институции од културата. Но ние рековме пред да преминиме во нови градби, приоритет би ни било санација на постојната културна инфраструктура. Во таа смисла охридскиот театар е еден од театрите кои шти имаат рални проблеми со функционирањето“.
Алаѓозоски предочи и дека останатите театри, но и центри за култура во земјава работат во лоши услови
„Прилепскиот театар работи исто така во многу лоши услови, а и штипскиот театар. Наша цел е секако да им помогнеме но од друга страна знаете дека преку 20 институции пријавија проблеми со прокиснување, огромен број имаат проблеми со греење, како што е во ЦК во Куманово и Штип, така што проблемите во културата се наталожени“.
Министерот рече дека Владата има волја да ги решава проблемите, но секако дека истите ќе бидат надминувани по приоритети во зависност од буџетските средства кои се на располагање на министерството за култура.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град