Охриѓани ќе атакуваат на трофејот на Младинскиот куп во ракомет

Нов спортски спектакл ги очекува љубителите на ракометот во Охрид. За прв пат нашиот град е домаќин на завршен турнир во младинска категорија во кој свој забележителен настап се очекува да има и охридскиот клуб. Натпреварите овој викенд се со посебна важност бидејќи три четвртини од играчите потекнуваат од овој регион па затоа се очекува и голема борба на трибините.

 |   | 

Викендов во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи завршниот турнир во Младинската ракометна лига. Охриѓани ќе можат да погледнат 4 натпревари меѓу најдобрите четири екипи од регуларниот дел во сезоната.  Ракометната федерација на Македонија организацијата ја додели на РК Охрид. Спортскиот директор на охридскиот клуб вели дека се е подготвено турнирот на ракометниот подмладок да помине во најдобро светло и дека ќе ја оправдаат до вербата на федерацијата.

„ Силно  посакувавме да ја добиеме организацијата на финалниот турнир, мислам дека нашиве младинци го заслужија тоа да играат пред домашната публика, последните натпревари, се надевам полуфинален и финале. “– Горан Недески – спортски директор Рк Охрид

Младинската екипа под раководство на тренерот Сашо Ристески во регуларниот дел во сезоната имаше 13 победи и само еден пораз. .Ристески вели дека трите екипи на турнирот им се познати и дека акцент ќе стават на првиот дуел со КЛ 7 во кој имаат улога на фаворити. Играчите се подготвени и ќе атакуваат на финале.

„Овие две недели после последното коло што го игравме со Струга, со стручниот штаб посветивме поголемо внимание на младинските играчи. Тие нормално тренираат заедно со првата екипа. Се испробуваа некои комбинации и се работеше на физичка кондиција. Засега сме сите спремни. Наум костов се враќа во екипата. Беше повреден го штедевме две три кола. “- Сашо Ристески- тренер.

Мартин Иваноски потврди дека физички се подготвени и желни за игра. И покрај тоа што ростерот на охридскиот клуб е составен од играчи од генерација 2000 2001 и се помлади од остнатите учесници на турнирот велат дека имаат искуство од суперлигашките натпревари и квалитет за да го кренат посакуваниот трофеј.

„Благодарение на управата на клубот што придонесе за ваква организација од два дена мислам дека доволно време имаме за одмор. Не е исто да играш два натпревари во 5-6 часа или во 24 часа. 8:16 Нема калкулирање. Цело време играме во максимално темпо, желни сме за игра. Спремни сме“. – вели Мартин Иваноски.

Даниел е трета  ракометна генерација во семејството Андоновски, и оди по стапките на својот дедо и татко. Вели дека освојувањето на овој младинскиот куп за него ќе значи старт на професионална кариера.

„Тоа е мојата најголема желба. Уште како мал ракометар, започнав во школата на мојот татко. Секој ден се повеќе тренирам, давам се од себе за да станам професионален ракометар. Тоа ми е најголем сон.  Посакувам ова освојување на младинскиот куп да ми биде почеток на мојата професионална кариера. “ – Даниел Андоноски.

Полуфиналната програма на турнирот, во сабота ќе ја отворат екипите на Струга и Металург кои ќе се сретнат во 17 часот, а дуелот помеѓу домаќинот РК Охрид и КЛ7 е во 19 часот. Мечот за трето место ќе се одигра во недела во 15 часот и 30 минути, додека финалето е закажано за 17 часот и 30 минути. Картите од утре ќе бидат пуштени во продажба. Блок карта за следење два натпревари во еден ден ќе чини 100 ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top