Охриѓани годинава двојно поажурни во поднесувањето на годишните даночни пријави

Даночните обврзници имаат обврска  своите даночни пријави да ги достават во подрачните канцеларии на Управата за јавни приходи најдоцна до 15 Март.

 |  Мишел Наумоски  | 
ujp
ујп

Даночните обврзници од градов, годинава посериозно си ја сфатиле обврската за поднесување на годишните даночни пријави.

salter UJPДосега во подрачните канцеларии на Управата за јавни приходи во Охрид биле доставени 972 даночни пријави, додека во Дебрца, 45. Само за споредба во истиов период лани, биле доставени двојно помалку годишни даночни пријави, и тоа само 450. Инаку станува збор за вкупно некаде околу 5400 даночни обврзници кои оствариле некаков приход во изминатата година по некој од основите наведени во годишната даночна пријава.  Од регионалната канцеларија на УЈП во Битола, велат дека по службена должност можат да ги пронајдат лицата, кои ненавремено доставиле годишна даночна пријава. Доколку е ова случај, откриеното лице може да се соочи со плаќање на глоба во висина од 500 до 1000 евра во денарска противредност. Сепак од УЈП информираат дека досега сеуште не изрекле ниту една казна на физичко лице, односно задоволни се од даночната дисциплина на обврзниците.

Инаку крајниот рок за поднесување на годишните даночни пријави е 15 Март 2014та година. Обврска за поднесување на оваа годишна даночна пријава имаат сите граѓани кои во текот на 2013 година, покрај својата плата или пензија, оствариле и дополнителни приходи како кирија, хонорар по основ на авторски договор, добивки од наградни игри и други приходи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top