Охриѓани го освојуваат Азискиот континент

Азискиот континент, нов предизвик за охридските музичари. Владимир Василевски Четкар на неодамнешната азиска турнеја во Тајланд ги наполни концерните сали, а Дамјан Пејчиноски заедно со својот бенд од Кина се вратија со наградата „Извонредност во изведбата“  за нивните концерти одржани на фестивалот Кинеска културна сезона 2017. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани го освојуваат Азискиот континент. Нашиот сограѓанин, познатиот џез музичар, композитор и гитарист, Владимир Василевски-Четкар на неодамнешната азиска турнеја во Тајланд ги наполни концерните сали. Четкар настапи на најпознатиот џез фестивал Хуа Хин, на кој се претстави со авторска музика, а отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој бeше мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката. Четкар беше придружуван од тајландскиот бенд „Фанкшн“, како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна Азија, Кох Саксмен. Пред концертот тој имал повеќе телевизиски настапи и интервјуа во Тајланд, меѓу кои и настап во живо на најгледаната национална телевизија во Тајланд, Канал 3.

Азискиот маркет е нешто ново за мене. Јас претходно работев претежно во Америка и во Европа. Азискиот маркет е бесконечен, има толку многу фестивали што буквално е престиж да се настапи на нив и буквално уметниците се во трка кој таму да настапи. Таму е се толку убаво организирано и толку се гостопримливи што навистина на друго место не може да се доживее, вели Владимир Василевски Четкар.

Дамјан Пејчиноски, уште еден млад охриѓанец и инзвонреден музичар пред една недела заедно со својот бенд се врати од Кина. Тие се закитија со наградата “Excellence in performance” (Извонредност во изведбата) во Ланжоу за нивните концерти одржани на фестивалот China Cultural Season 2017.

Во рамките на овој голем интернационален фестивал, Триото на Дамјан Пејчиноски имаше четири концерти на кои, пред масовна публика, изведуваше македонски евергрини во џез аранжмани, класични композиции, џез стандарди и авторски композиции, аранжирани од Пејчиноски. Наградата, по свечена церемонија, лично им ја врачи Градоначалникот на Ланжоу. Неговите импресии од таму се уште свежи, а ова нивно искуство многу ќе му помогне во градењето на поматамошната негова кариера.

Прекрасно доживување. Најмногу што ме изненади и ме импресионира е нивната култур, нивната добродушност. Третманот према уметниците е како према рок старс. На мојот басист два пати му се слоши поради временските услови и без да знаеме секаде каде одевме со нашиот автобус не придружуваше и болничка кола. Значи навистина бевме фантастично третирани. Се беше до ситници испланирано и навистина уште еднаш се покажа дека кинезите се големи професионалци, вели Пејчиноски.

И Владимир и Дамјан велат дека патот на успехот во градењето кариера воопшто не е лесен, но дека со мниогу труд и точно зацртана цел може да се успее. На млаите кои сега започнуваат да се занимаваат со музика или со некој друг вид на уметност им сугерираат да не се откажуваат од својот сон и да си ги отвараат хоризонтите бидејќи светот е голем, но и толку мал а сите луѓе заедно ги поврзува уметноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top