Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот

Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот. Особено ова го потенцираат угостителите кои имаат свои објекти во центарот на градот. Директорот на Комуналец вели дека максималнио се трудат да ја одржуваат хигиената во градов, но апелираат и граѓаните да бидат поодговорни.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот. Велат дека во пролетниот и летниот период кога во градов е зголемен бројот на туристи пожелно е отпадот да биде собран во раните утрински часови. Особено ова го потенцираат угостителите кои имаат свои објекти во центарот на градот.

Пракса во ЈП „Охридски комуналец“ не само оваа туку и изминатите години е во летниот периот почнувајќи од 1ви јуни да го поместуваме работното време од 7часот во 6часот за навремено да ги испразниме контејнерите и да не се создава гужва и неубава слика и пред мештаните и пред гостите, вели Љупчо Грданоски-директор на ЈП „Комуналец“.

Сметот се подига три пати на ден така што екипите се постојано ангажирани, објаснува Грданоски. Тој вели дека максималнио се трудат да ја одржуваат хигиената во градов, но апелираат и граѓаните да бидат поодговорни и сметот навремено да го вадат.

Отпадот се подига од 6 часот наутро, но сведоци сме дека во 11 и 12часот го вадат отпадот на улица и пак се создава грда слика. Граѓаните ја знаат динамиката на подигање на отпадот но не го почитуваат тоа, вели Грданоски.

ЈП „Комуналец“ за летниов период набави и нови контејнери како не би се оставал отпадот на улица, а сеуште трае и акцијата за набавка на канти за отпад за домаќинставата кои можат да се купат и на 12 рати само со 100 денари месечно плус на сметката за Комунални услуги.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top