Охриѓани бараат да се најде решение за старите куќи во распаѓање

Охриѓани бараат да се преземе акција за старите куќи во распаѓање кои претставуваат опасност за минувачите. На повеќе локации во градот има неколку куќи во распаѓање, стари со векови, кои од разни причини се оставени на забот на времето.

 |   | 

Жителите на улицата „Абас Емин“ бараат санирање на куќа која е во распаѓање и од која паѓаат делови на коловозот. Куќата стара 200 години е надвисната на самата улица, нема троатоар и претставува опасност и за пешаците и за автомобилите. Од непознати причини, сопственикот не ја поправил, па дел од покривот се заканува да се урне.

За овој проблем граѓаните на Охрид пријавија во рубриката „Ти си твојот град“.

Неколку куќи во распаѓање кои се опасност и за минувачите и за туристите има и во Стариот дел на Охрид. Дел од нив имаат нерешени имотно правни односи, дел се заштитени како споменични добра и чекаат реставрација.  

Екипата на ТВМ денес на терен сними уште две куќи кои се опасност за минувачите на улицата „7 ми Ноември“. На сите овие куќи нема информативна табла со натпис „Внимание: опасност за минувачите и возилата“.

Во 2009 година Комуналниот инспекторат од Охрид издаде налог и беше урната стара куЌа во охридската чаршија.

Согласно законските прописи, за да може општината да урне еден таков објект, неопходно е да се изработи посебен проект од страна на Секторот за урбанизам. Од општина Охрид најавија дека идната недела ќе се произнесат со свој став за овие куќи во распаѓање.

 

Новинар Соња Рилковска 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top