Охриѓани спијте мирно

Полициските службени возила не возат со гориво на вересија. Иако вчера претседателот на СДСМ Науме Јованоски рече дека немањето доволно гориво за службениоте возила е причина за зголемениот број сообраќајни незгоди се покажа спротивното.

 |  Билјана Николовска  | 
policija
полиција

policijaПолициските службени возила не возат со гориво на вересија. Иако вчера претседателот на СДСМ Науме Јованоски рече дека немањето доволно гориво за службениоте возила е причина за зголемениот број сообраќајни незгоди се покажа спротивното.

Охридската полиција будно ја следи состојбата во градот. Обвинувањата на ОО на СДСМ дека полициските возила во градов кубурат со гориво за службените возила се покажаа како неточни. Имено на вчерашниот прес на охридските Социјалдемократи претседателот на партијата Науме Јовановски излезе со информација дека според нивните сознанија зачестените сообраќајни незгоди во градов се должат на кризата за гориво во СВР.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, ваквите обвинувања се тенденциозни. Тој рече дека не е во негова надлежност да го коментира ставот на одредени политички партии. Димоски во интерес на јавноста потенцира дека сите работи и работни задачи кои се во нивна ингеренција, навремено и точно ги извршуваат. Додаде дека досега согласно потребите рационално се користи и кадарот и службените возила. За целосно разјаснување на состојбата за која обвинува СДСМ остваривме разговор и со Маријан Трајковски раководител на Р.Е. Макпетрол Охрид. Трајковски рече дека досега редовно и без проблем се опслужуваат службените возила на СВР. Тој додаде дека во Охрид работите со СВР се чисти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top