На охриѓани им смета урбаната опрема

Со овие зборови група граѓани од Охрид се жалат на урбаната опрема со која се нагрдува најрепрезентативниот дел од нашиот град. 

 |  Крсте Голабовски  | 
urbana oprema
урбана опрема

urbana opremaГрда слика во центарот на Охрид. Времени објекти покриени со најлони и урбана опрема која, како што стои во дописот на група граѓани, требало да биде подигната уште до 31.10 2010 година. Но, раководителот на Одделението за инспекциски надзор при Оштина Охрид, Танас Танасоски кажа дека поставувањето на урбаната опрема и времените објекти е регулирано со Програмата за поставување на истите која ја носи Советот на општината. Што се однесува до роковите, приказната е малку поинаква, вели Танасоски.

„Во овој момент сите сопственици и корисници имаат склучено договор со Локалната до 31.12.2010. Мора да се каже дека тие договори во голема мерка не се испочитувани зошто дел од сопствениците, сеуште немаат платено за закупнина на тој простор, дециден е Танасоски.

urbana opremaТанасоски потенцира дека секоја година се носи нова програма со која се регулира кој, каде, може, смее да постави урбана опрема и времени објекти, а моменталната цена која сопствениците и корисниците на угостителските објекти ја плаќаат, изнесува 7 денари за метар квадратен дневно. Голем број од сопствениците и корисниците не ги почитуваат прописите кои се однесуваат на површината која треба да ја користат и често ја злоупотребуваат, вели градоначалникот Алкесандар Петрески. Тој додава дека многумина од сопствениците дури не го имаат ни подмирено долгот кон локалната, за користење на јавните површини.

„Едноставно треба да бидеме лоши, да земеме со трактор да ги креваме да се расправаме, тоа е решението. Со збор не се разбираат, а има и некои кои немаат платено за поставување на опремата“, вели охридскиот градоначалник.

Раководителот на Одделение за инспекциски надзор – Инспекторат, Танас Танасоски дециден. Доколку рокот за плаќање не се испочитува, од инспекторатот ветуваат дека опремата ќе се отстранува присилно и на лице место, а казните кои ќе се изрекуваат ќе бидат во висина до 2000 евра. Што се однесува до периодот од 01 јануари до 15 април, Танасоски вели дека поставувањето на урбаната опрема во овој временски вакум треба да биде регулирано со посебен договор.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top