Oхриѓани се потсетија на името и делото на писателот Иван Точко

Денес на неговиот роденден, охриѓани се потсетија на името и делото на писателот Иван Точко. Критичарите го нарекувале последниот македонски литературен романтичар. Но, за жал неговото име денес како да е подзаборавено.

 |  Јаковлева Лионела  | 
tocko
точко

Охриѓани денес се потсетија на нивниот сограѓанин,Иван Точко кој е еден од основоположниците на повоената македонска литература. Тој е препознатлив по неговиот уникатен и динамичен стил, а критичарите го нарекувале и последниот македонски литературен романтичар. Но, за жал неговото име денес како да е подзаборавено, вели писателот Мишо Јузмески.citanje

Со цел да не се заборави делото на Точко денес на неговиот роденден, во културниот центар „Култура 365“ се одржа литературни читање. Писателот Тоде Илиевски рече дека оваа идеја е за поздравување

На литературното читање беше присутен и неговиот внук, Сашо Точко. Тој се потсети на деновите кога писателот доаѓал кај нив на гости.

Сашо Точко вели дека би сакал новите генерации повеќе да знаат за делото на овој наш писател и да ги прочитаат барем неговите два најубави раскази, Бојана и Прстен.
Инаку Иван Точко издал три драмски текстови под заеднички наслов „Охридска трилогија“. Тој својата литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“. Следуваат бројни раскази, минијатури и новелети, а својата творечка активност ја завршува како драмски писател со неговата последна драма „Под Акропол“ издадена во 1973 година.  Истата година писателот трагично загинал во сообраќајна несреќа во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top