Охридските галеристи се чувствуваат привилегирано во опкружувањето со уметнички слики и во споделувањето на синергијата помеѓу сликарите и конзументите на уметноста. Праксата покажува дека навиките за купување на уметнички слики кај охриѓани се менуваат. Купувањето и поседувањето на уметнички слики за своја душа оди во блага нагорна линија, вели галеристот Љупчо Жупан од галеријата Букефал, која во охридската чаршија е присутна околу 13 години.
Со констатацијата на Жупан се согласува и академскиот сликар Славко Упевче. Во неговата галерија која функционира повеќе од 20 години, се изложени негови слики и мозаици од неговиот син академскиот сликар Никола Упевче.
Сликарот Упевче вели како некогаш, и денесе граѓаните си дозволуваат уметничка слика за своја душа. Слики се купуваат и за разни поводи како свадби, родендени или пензионирање, вели Упевче.
Иако, посетите на галериите се бесплатни праксата покажува дека локалното население ретко ги посетува без посебен повод. Охриѓани ги заобиколуваат галериите преку ден, но шетајќи во вечерните часови застануваат и од излог ја набљудуваат уметноста вели сликарот Упевче. За луѓето да добијат нови визии и духовно да се возвишуваат од работата на сликарите потребна е поквалитетна културна понуда на изложби во текот на целата година, од друга страна порачуваат галеристите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град