Охриѓани го сакаат албанското море

Охриѓани најзаинтерсирани за летување во Валона, на албанското крајбрежје.

 |  Валентина Неолска  | 
kajce
кајче

На самиот старт од  сезоната на летните одмори голем број охриѓани, во зависност од стандардот и желбите ќе заминат на летување или пак ќе останат дома.

ВалонаОд туристичките агенции се задоволни од досега продадените летни аранжмани за Грција и Турција. Охриѓани  посебен интерес пројавиле за летување на Јонското море во Валона, соседна Албанија вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. Додава дека оваа дестинација е барана пред се заради близината, добрите плажи, се подобрата услуга и пристапните цени.
Годинава изостана интерсот на Охриѓани за летување во Црна Гора заради високите цени, и во Бугарија заради визниот режим и далечината на туристичките дестинации на Црно море вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. Од подалечните туристички дестинации има интерс за Палма Де Мајорка. Сепак најголем интерес има за одмор во Турција, за Анталија и Кемер  кажува таа.

На охридското крајбрежје пак се очекува најбројни да бидат  гостите од Србија, Бугарија и Турција вели Елида Битрак. Таа додава дека и Грците покажале интерес да летуваат на нашето езеро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top