Охриѓани го празнуваат Св. Климент, заштитникот на градот

Климент Охридски е запаметен како основоположник на словенската писменост и култура, но и основач на првиот словенски универзитет во Охрид.

 |   | 
Sv.Kliment Plaoshnik
Sv.Kliment Plaoshnik

Sv.Kliment PlaoshnikКлимент Охридски е запаметен како основоположник на словенската писменост и култура, но и основач на првиот словенски универзитет во Охрид.

Тој е првиот словенски писател за кого постојат непобитни докази.

Како основоположник на писменоста на македонскиот народ, Климент Охридски ја продолжил својата дејност и во Охридската книжевна школа, позната како „Прв словенски Универзитет“ која доследно го чувала делото на Кирил и Методиј.

Во словенскиот Универзитет тој оспособил повеќе од 3.500 ученици за црковна богослужба. Паралелно со црковната и педагошката, тој се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Неговите богати книжевни дела и денес предизвикуваат восхит.

PlaoshnikКлимент Охридски умира во 916-та година, а е погребан во гробот кој самиот си го направил во црквата „Св. Пантелејмон“ во Охрид.

Токму поради неговото големо и значајно дело, илјадници верници вечер вечерта се упатија кон Свети Климентовиот храм за да се поклонат пред моштите на светителот.

За влез во црквата чекаа сите, од најмали до највозрасни, кои сакаат да се помолат за здравје и да ги допрат неговите мошти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top