Охриѓани потресени од немилиот настан кој се случи во Манастирот Св. Јован Бигорски. Секој би одвоил од скромниот буџет за помош на монасите.
Охриѓани и последниот денар ќе го дадат за помош на опожарениот Манастир Св. Јован Бигорски. Според проценките на Националниот конзерваторски центар, штетата од огнената стихија, која вчера го зафати Манастирот изнесува 5,5 милиони евра. Меѓутоа најтрагично е што трајно се уништени објекти и прдмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива. Во ова време на беспарица, сите ние скромно живееме, меѓутоа искрено и од се срце доброволно би помогнале на било каков начин за да се ублажи штетата и болката од овој немил настан, е нивниот став.
Охриѓани се организираа со намера да помогнат.Во верските објекти Св. Еразмо и Плаошник, се отворени пунктови каде луѓето со добра воља можат да донираат било кави средства и намирници за најпогодените од несреќата. Исто така отворена е и жиро сметка со број: 500000000383565 на која граѓаните можат да донираат и финансиски средства, вели Снежана Петреска, организатор на томот за помош од Охрид.
Тимот за помош од Охрид моментално е на местото на настанот и навистина згрозени од првичната слика за ТВМ изјавуваат.
Истражна екипа денеска започна да ги утврдува причините за пожарот во манастирскиот комплекс, велат од екипата за помош. Инаку во манастирот Св. Јован Бигорски на денот на Св. Јован, доаѓаа посетители од сите вероисповеди, тој претставуваше уточиште на сите религии и вери и ова што сега се случи пратставува огромна и ненадоместлива загуба, но со духовна сила ќе го обновиме Бигорски, велат граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град