НП Галичица секој ден со ново изнендување. Паркот од денес почна со наплата на влезници и за охриѓани. Само пред неполн месец од паркот информираа дека новиот ценовник кој почна да важи од први јуни нема да се однесува на локалното население на Охрид и Ресен.
НП „Галичица“ секој ден со ново изненaдување. Паркот од денес почна со наплата на влезници и за охриѓани. Само пред неполн месец од паркот информираа дека новиот ценовник кој почна да важи од први јуни нема да се однесува на локалното население на Охрид и Ресен. Денес охриѓани кои убавото време го искористиле за прошетка на Галичица морале да платат за престој во националниот парк.
„Утрово отидовме на Галичица. Попладнето на враќање бевме спречени да излеземе и ни беше побарано да платиме за престојот на Галичица. Ние им кажавме дека сме охриѓани и дека за нас не важи тоа. Но службеното лице ни рече дека од денеска директорот усмено им кажал да им наплаќаат на сите. Плативме за да избегнеме расправии но бевме затечени. Ние најчесто не носиме пари со нас кога одиме на Галичица, таму нема марекети и продавници. Што ќе беше ако не носевме пари бидејќи ние знаевме дека за охриѓани и ресенчани не се наплаќа.“ – изјави за ТВМ граѓанин на Охрид.
ТВМ се обиде да стапи во контакт со Зоран Велјаноски, директор на НП „Галичица“, но тој не беше достапен за коментар. Ценовникот на НП „Галичица“ предходно ги крена на нозе параглајдеристите. Откако тие јавно го изразија својот револт од солениот ценовник, раководството на паркот направило измени на цените. Според Мендо Велјаноски светски првак во параглајдеризам, првично параглајдеристите требало да издвојат 300 денари за 30 минути лет, додека за целодневно полетување билетот чинел 1000 денари. Сега цената е спуштена на 300 денари за целодневен лет. Но Велјаноски кажува дека со намалувањето на цената добиваат комерцијални пилоти кои заработуваат од параглајдеризмот со тандем летање, а спортистите и понатака се оштетени. Спортските параглајдеристи бараат целосно укинување на наплаќањето за полетување од Галичица за што испратиле петиција до премиерот Никола Груевски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град