Охриѓани го одбележаа Митровден

По повод денешниот верски празник посветен на великомаченикот Св. Димитрија на градскиот плоштад се одржа црковно народен собир пропратен со звуците на македонската песна и игра.

 |  Јаковлева Лионела  | 
митровден
mitrovden

Охриѓани денес го чествуваат верскиот празник Митровден. Голем број граѓани, со свеќа во рака и со молитва за здравје и бериќет се помолија пред импровизираниот црковен храм посветен на великомаченикот Св. Димитрија. Со звуците на македонската песна и игра на градскиот плоштад се одржа црковно народен собир. Граѓаните се задоволни од ваквиот начин на прославување на Митровден.

Од Црковниот одбор Св. Димитрија по десети пат го одбележуваат црковниот празник. Организираа свечен ручек пропратен со богат музички и сценски настап на музичари од земјава.mitrovdrn

Со посно гравче бидејќи денес е петок и со богата музичка програма ќе го одбележиме празникот. Ќе настапи Петар Нечовски, Анета Наковска и групата Молика, вели Никола Велјаноски, претседателот на организациониот одбор.
 
Велјаноски изрази задоволство што оваа манифестација од година во година станува се помасовна и најави за скоро време подигање на црковен храм Св. Димитрија на ова место.
Инаку, иницијативата за изградба на светиот храм датира уште од пред пет години. Вељаноски тогаш тврдеше дека имаат и дозвола за градење, но од секторот за урбанизам ја демантираа ваквата изјава. Дали и кога ќе се изгради светиот храм останува да видиме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top