Охриѓани се жалат на квалитетот на водата за пиење

Охриѓани се сомневаат во квалитетот на водата од градскиот водовод. Од Центарот за јавно здравје велат дека нема место за никаков сомнеж бидејќи водата е со одличен квалитет. Сугерираат  граѓаните пред да ја конзумираат водата од чешмите една до две минути да ја остават да истече за да излезе се она што е наталожено во цевките.

 |  Јаковлева Лионела  | 
чешма
cesma

Охриѓани деновиве се жалат на квалитетот на водата за пиење. Велат дека има чуден мирис и е заматена и додаваат дека по се изгледа тоа се должи на обилните дождови кои ги имавме изминативе денови.  Од Центарот за јавно здравје смируваат. Велат дека водата од градскиот водовод постојано се контролира и дека е со добар квалитет.

Апелирам до сите граѓани кои ќе почувствуваат или видат некое отстапување од квалитетот на водата да се јават во Центарот за јавно здравје или да ја користат нашата веб страна каде можат да се информираат за одредени препораки не само за водата туку за се она што е наша дејност. Инаку ги советувам граѓаните пред да ја конзумираат водата од чешмите една до две минути да ја остават да истече за да излезе се она што е наталожено, вели бромологот Сашо Точков.saso tockov

Точков вели дека сеуште проблем претставува водата од селските водоводи бидејќи испитувањата покажуваат постојано отстапување во нејзиниот квалитет и мора редовно да се хлорира. Тој апелира до граѓаните да внимаваат каква вода конзумираат бидејќи неисправната вода може да предизвика голем број цревни заболувања.

Точков објаснува дека неодамна бил испитан и квалитетот на водата од јавните чешми во градов и резултатите покажале дека граѓаните слободно можат да ја пијат.  Постојано се испитува и водата од Билјанините извори чиј квалитет е многу променлив. Од Центарот за јавно здравје тврдат дека во моментов е исправна за пиење и сите жедни минувачи слободно можат да се освежат

Јас секој ден одам на прошетка до Горица и обавезно поминувам од тука да се напијам вода и да се одморам. Водата од Билјанини извори ја конзумирам секојдневно дури полнам и за дома и досега сум немал никаков здравствен проблем, вели случаен минувач.

Инаку, Центарот за јавно здравје редовно го контролира квалитетот и на површинските води.  Водата во Охридското Езеро е од прва и втора класа. Сеуште проблем преставуваат трите реки во охридско, Коселска, Велгошка и Сатеска кои се со идентичен квалитет, односно трета класа. Лоша е состојбата и во реката Црн Дрим којапак се загадува со водата која поминува низ пречистителната станица во Враништа која е од 4 и 5та класа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top