Езерската водата припаѓа на прва и втора категорија, што значи дека езерото може да се користи за спорт и рекреација долж целото крајбрежје.
Езерската водата припаѓа на прва и втора категорија, што значи дека езерото може да се користи за спорт и рекреација долж целото крајбрежје.
Најновите податоци на заводот за здравствена заштита покажуваат одличен квалитет на водата.
Заводот за здравствена заштита презадоволен од добиените резултати за физичко хемискиот и микробиолошки квалитет на водата. Водата за пиење е безбедна, здравствено исправна и може да се користи за пиење. Истото важи и за водата од јавните чешми. Редовно ја следиме и состојбата со квалитетот на водата во билјанини извори.Анализите кои континуирано ги правиме покажуваат дека водата и таму е со одличен квалитет, вели бромологот Сашо Точков. И езерката вода е со одличен квалитет.Зедовме 30 примероци на вода од исто толку мерни места, вели Точков.
Земени се примероци на вода за анализа и од реките кои се вливаат во охридското езеро, реката Сатеска, Коселска и Велгошка.Овие примероци покажаа дека физичкохемиски и микробиолошки водата припаѓа на трета и четврта категорија. Ова значи дека се оствари она што го предвидовме, загадувачите на Охридското езерто сеуште постојат и го оптоваруваат езерскиот екосистем, вели Точков.
Езерската вода во целиот дел од Охридското крајбрежје, може да се користи за капење. Примероците се земени од 10 до 15 метри од брегот на езерото во длабочина од пола метар до метар поточно од делот што се користи за спорт, капење и рекреација, вели Точков.
Во тек е цверањето на алгите. Со зголемувањето на температурите цветањето ќе биде побујно. Напоменувам, рече Точков дека оваа појава е природен процес кој ќе заврши кон крајот на јуни, и кој не претставува проблем за капење вој делот на езерото каде има алги.
Од заводот за здрвставена заштита најавија дека контроли на водата ќе прават континуирано секој месец заклучно со септември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град