Охриѓани главни за математика

Осмоодделенците Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски го освоија Кипар. На математичката олимпијада која се одржа од 19ти до 24ти Јуни тие освоија второ и трето место во остра конкуренција. Денес нив ги прими градоначалникот Петрески кој го изрази своето воодушевување од постигнатиот успех и им вети и понатамошна подршка во сите нивни подвизи.

 |  Мишел Наумоски  | 
Petreski so matematicari
Петрески со математичари

Petreski so matematicariОхриѓани како создадени за математика. Доказ за тоа се нашите осмоодделенци Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски од ОУ Христо Узунов и Григор Прличев кои се вратија со блескави медали од математичката олимпијада во Кипар. Вистински куриозитет е тоа што Теодора и Виктор за да ги освојат овие медали единствено се подготвувале со своите наставници или пак си решавале по дома. Замислете го успехот што би го постигнале доколку со нив би работел цел еден тим кој ќе им помага во нивното учење. Тие денес се сретнаа со градоначалникот Петрески и ги пренесоа своите импресии од олимпијадата.

Градоначалникот Петрески на денешната средба со наградените го искажа своето воодушевување од постигнатите резултати и истакна дека општина Охрид е град кој верува во образованието.

„Од 4 деца во репрезентацијата, 2 деца беа од Охрид и токму тие 2 деца зедоа награди, втора и трета награда, што значи дека и Македонската репрезентација постигна најголем успех во натпреварот на математичката олимпијада во Кипар. Ние досега сите успеси ги подржувавме во образованието и ги финансираме како локална самоуправа.“-вели градоначалникот Петрески

Petreski so matematicariГрадоначалникот Петрески не испушти да додаде дека  од државата и од министерството за образование не била добиена никаква помош. Петрески рече: „Малку бевме во тесна ситуација бидејќи требаше за неколку дена децата да тргнат за Кипар, а тогаш дознавме дека државата нема да ги подржи, а кај мене немаше воопшто дилема дали да се подржат, и одлучивме да им го покриеме патувањето како општина.“

Безразлика на односите помеѓу локалната и централната власт, неизбежно се наметнува прашањето зошто овие деца не ја добиле подршката која несомнено ја заслужуваат, или можеби некој не верувал во успехот, па не се осмелил да се фати за џебот. Сепак постигнатиот успех слободно може да кажеме дека е вреден за национална гордост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top