Охриѓани бараат чесна истрага за бродот „Илинден“

Охриѓани покренаа граѓанска иницијатива за расветлување на причините за несреќата и  потопувањето на бродот Илинден, во кој животот го загубија 15 бугарски туристи.

 |  Валентина Нелоска  | 
zdruzenie
здружение

Охриѓани покренаа граѓанска иницијатива за расветлување на причините за несреќата и  потопувањето на бродот Илинден, во кој животот го загубија 15 бугарски туристи.   

zdruzenieНа средбата  присуствуваа околу стотина граѓани, бродари и членови на екипажот кои бараат чесна истрага.

Зоран Гилески, сопственик на бродот Александрија, вели „ целта за формирање на Здружение е  вистината да дојде до истрагата без притисоци и политичко влијание , а немилиот настан да не се користи за политичка пресметка, затоа што  сето тоа доведува до згрозување на истрагата“.  

Една од целите на Здружението ќе биде да се соберат изјави и информации за несреќата, што ќе бидат во  интерес на докажувањето на причините на истата  пред истражните органи.

Сашо Алчев, член на Иницијативен одбор истакна „ дека бродарите и учесниците во спасувањето на бугарските туристи, со свои искази ќе помогнат во расветлување на вистината за несреќата. Нивните изјави ќе бидат достапни и во Македонија и во Бугарија“.
Здружението беше регистрирано денес, а потписите на граѓаните за подршка за фер истрага ќе почнат да се собираат од утре. Инаку истражниот судија, на капетанот Сотир Филевски му изрече мерка притвор до 30 дена. Во моментов тој се наоѓа во притвор во Охрискиот затвор, а неговите колеги бараат тој да биде пуштен и да се брани од слобода.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top