Охриѓанец на Guitar Idol во Лондон

Охриѓанецот Дамјан Пејчиноски ќе настапува на  музучкиот фестивал Гитар Идол во Лондон.

 |  Валентина Нелоска  | 
Damjan Pejcinoski
Дамјан Пејчиноски

Гитаристот, Дамјан  Пејчиноски на 11 јуни во Лондон, Велика Британија ќе настапува на Интернационалниот  музучки фестивал „Гитар Идол 2009“. Од пријавените над 1000 гитаристи , тој е избран заедно со уште 11 музичари од целиот свет за настап на Лондонскиот интернационален музички фестивал.

Патувањето и престојот во Лондон се на негов трошок иако ја преставува Македонија и Охрид. Тој се обратил  до Министреството за култура за финансика подршка, но добил одговор дека нема средстава за ваква намена. Од локалната самоуправа пак сеуште чека одговор.  

Damjan PejcinoskiПејчиноски ќе изведува во живо своја музичка композиција, а за очекувањата од овој натпревар е скромен се зависи од вкусот на жирито вели Пејчиноски. Додава сакам само достојно и во најдобро светло да се преставам себе си  и Македонија.

Овој талентиран, млад музичар во 2002 година на Рок фестивалот во Скопје е прогласен за најдобар Македонски гитарист. Со  „Џам стар трио“ во кое покрај него се и Горан Гешоски, бас гитара и Јордан Манев, ударни инструменти  настапувале на повеќе фестивали.

Пејчиноски вели почуствувале дека им е потребна поголема афирмација и излез од анонимност посебно  на домашаната сцена.

Пазарот во Македонија е многу мал за овој вид музика,  која што ја свирам можеби еднаш месечно вели дипломираниот музичар по џез гитара Пејчиноски. Неговиот музички сон е реализација како џез гитарист.
Дамјан Пејчиноски, активно свири гитара од својата 14 – годишна возраст. Завршил музичка академија во Софија и при крај е со својот магистерски труд на „Новиот  Бугарски Универзитет“ во Софија.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top