Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Б.К. (39) од Охрид поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „ Измама„ по што од страна на Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот, во периодот од месец Април минатата, до месец Јули оваа година, со намера за себе да присвои против-правна имотна корист, во заблуда го донел Холандскиот државјанин Ј.Ј. лажно прикажувајки документи дека ке му овозможи стекнување приходи од издавање на куќа и луксузен апартман со што за себе остварил имотна корист од 237.150 евра.
Со цел да го уреди својот дом, пријавениот Б.К. во Мај 2009 година, му предложил на Холандскиот државјанин тој да инвестира во реновирање и доградба на неговата кука во Охрид, ветувајки му поделба на куќата на пола а потоа куќата ке требало да се издава на лица од Француската Амбасада за сума од 30.ооо евра. Во текот на летниот период лани, кога Холандскиот државјанин дошол на одмор во Охрид, пријавениот го однесол кај стамбен објект во изградба во близина на општината и му кажал дека имал намера да го купи последниот кат со околу 142 м.2 и да го претвори во луксузен апартман кој ке го издавал на странци од Турција и франција. Да биде поубедителен, пријавениот го запознал со еден приватен стопанственик од Охрид претставувајки го како градител на објектот. Добеден во заблуда дека со издавање на апартманот ке стекнат приходи од 30.ооо евра годишна кирија и дека апартманот ке биде во целосна сопственост на Холандскиот државјанин, истиот во неколку наврати на пријавениот Б.К. му дал вкупно 115.65о евра.
Со образложение за полесно и побрзо издавање под кирија на куќата и апартманот, пријавениот Б.К. од оштетениот побарал и мебел и уметнички дела за нивно опремување за што преку Холандска компанија, му бил испорачан луксузен мебел, уметнички дела и антиквитети во вредност над 50.ооо евра.
Инаку, против пријавениот се води судска кривична постапка за кривично дело „Бесправно градење„ за неговата куќа. Пријавениот Б.К. во 2008 година преку е-маил контакти се запознал со Ј.Ј. од Холандија, лажно претставувајки се дека е менаџер во Канада со своја кука која ја продал заради студии како контролор на летање во Прага и дека во Охрид е значајна и почитувана личност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град