Од изградбата на новиот хируршкиот блок на Општата болница во Охрид, во мај 2013 година заклучно со јуни годинава, се згрижени 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, информира директорот на оваа јавна здравствена установа Љубен Арнаудов.
Од изградбата на новиот хируршкиот блок на Општата болница во Охрид, во мај 2013 година заклучно со јуни годинава, се згрижени 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, информира директорот на оваа јавна здравствена установа Љубен Арнаудов.
Според него, од 2006 година наваму, охридското здравство има доживеано драстично позитивни промени во набавувањето медицинска опрема и во подобрувањето на здравствените услуги на пациентите.
– Во делот на дијагностиката на болести се набавија најдобрите медицински апарати во вредност околу 2 милиони евра, како што се комјутерски томограф, мамограф, 4 Д гинеколошки ултразвук, 4 Д кардиолошки улатрзвук, офтамолошки ласер, ендоскоп, лапараскоп, колоноскоп и слично.Во доменот на организацијата и подобрувањето на здравствените услуги се воведоа нови медицински методи и технологии во работењето со пациентите како што се системот Мој термин, сето тоа регулирано правно, во интегриран информатички здравствен систем, едукација и доедукација на здравствените работници и соработници, на кои им се овозможи проширување на нивните знаења, кај нас и во светот и воведување на нови методи во лекувањето на пациентите, вели директорот на Општата болница во Охрид.
За подобрување на здравствените услуги., како што појаснува д-р Арнаудов, Министерството за здравство овозможи вработувања на стручен медицински персонал и тоа 23 доктори, десет здравствени соработници, 27 сестри и 80 лица како помошен персонал.
– Сите овие вложувања во здравството и сите овие здравствени политики имаат за цел, да им се олесни лекувањето, да се скратат патувањата до другите здравствени организации и да се скратат дополнителните материјални трошоци на пациентите, а на лекарите им се возможи побезбедно практикување во давањето на здравствените услуги, во осовременувањето на медицинската практика, базирана на медицински патеки и протоколи, додава Арнаудов.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град