• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридското гинеколошко одделение има капацитет за да ги пречека родилките од целиот регион

Охридското гинеколошко одделение има капацитет за да ги пречека родилките од целиот регион

Од Општа болница информираат дека покрај трудниците од Охрид, се поголем број на родилки доаѓаат
и од Струга, Ресен, Кичево, Дебар но и Поградец и Пустец од Албанија.

 |  Мишел Наумоски  | 
ginekologija

Капацитетите на охридското гинеколошко одделение се доволни за да ги опслужат пациентите најмалку во наредните дваесет години. Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Љубен Арнаудов, вели дека уште при реконструкцијата на болницата, капацитетот на одделенијата бил зголемен за четириесет проценти, вклучително и на одделението за гинекологија. Од тука, според него, апсолутно се подготвени да ги примат и оние родилки кои ќе допатуваат од Ресен по информацијата за затворањето на породилиштето во овој град. Д-р Арнаудов потенцира дека тие и досега работеле со трудници од Ресен, но и повеќе други градови.

ginekolosko oddelenie„Моментално во овој период досега имаме 297 раѓања, од кои имаме 29 бебиња од други градови и 23 од општина Ресен. Во 2014та имаше 283 раѓања, 15 од други градови и 13 од Ресен. Бројките сами на тоа укажуваат дека нема некое значително зголемување, но има пораст. Сигурно има пораст, не сум запознаен со тоа што се случува со породилиштето во Ресен, но ние сме тука во секој момент можеме да излеземе така да во ниеден момент да нема застој.“-вели д-р Љубен Арнаудов, директор на Општа болница-Охрид.

Освен зголемување на просторните капацитети, д-р Арнаудов вели дека одделението за гинекологија располага и со современа опрема и апарати, а полека работат и на тематски доедукации на одделенскиот персонал. Што се однесува пак на ситуацијата со високиот број на извршени породувања со царски рез, д-р Арнаудов вели дека веќе е направена извесна ревизија на одлуката за контрола на бројот на извршени вакви интервенции.

ginekologija„Технологијата на правење царски рез и материјалите кои се трошат во денешно време се многу пософистицирани така да за разлика од порано царскиот рез е многу поедноставен. Кога се се зеде во обзир, се сфати дека не би требало да има ограничување. Уште еден момент е правото на одлучување на мајката. Ние секако имаме работа со луѓе кои имаат право да размислуваат и да одлучуваат за своето здравје. Наше е да ги советуваме, а сепак на крај тие одлучуваат. Така кога сите параметри се зедоа во обзир се сфати дека нема место за некои лимити да ставаме.“-рече д-р Арнаудов.

opsta bolnicaТој потенцира дека благодарение на зголемениот просторен капацитет, но и современата апаратура која ја имаат на гинеколошкото одделение, тие во последно време се повеќе опслужуваат пациентки од Струга, Ресен, Кичево, Дебар но и Поградец и Пустец од Албанија. Што се однесува на современата апаратура, д-р Арнаудов уште еднаш потсети на исклучително потребниот мамограф кој веќе им е доделен, но за кој се чека завршување на правните процедури како би станал сопственост на охридската болница, но и современиот 4Д ултразвучен апарат со кој во реално време може да се  визуелизира ликот на нероденото бебе.  И покрај сета опрема, капацитети па и персонал, останува жалната констатација на д-р Арнаудов дека во градов барем засега, немаме некој поголем пораст на породувањата.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top