Охридското Езеро на 1 см до излевање

Нивото на Охридското Езеро е 24 сантиметри повеќе од максимално дозволената кота или на 693, 99 метри надморска височина. Останува уште 1 см до критичната точка од 694. Топлото време кое ќе започене од утре, среда, би можело дополнително да го зголеми нивото на езерото поради топење на снегот од планините.

 |  Николоска Биљана  | 

Метеоролозите најавуваат период на стабилно, суво, релативно топло и сончево време. Температурите на воздухот ќе бидат во значителен пораст, а тоа пак ќе влијае на топењето на снегот од планинските предели. Денешното ниво на Охридското Езеро е дваесет и четири сантиметри повеќе од дозволеното или според табелата на ЕЛЕМ е на 693,99степени метри надморска висина. Останува уште 1 см до критичната точка од 694. Трајче Талевски од Хидробиолошкиот Завод смета дека ако продолжи да се покачува нивото тоа сигурно ќе направи штети на крајбрежните објекти и населби.

Ова е некаква кота над која во никој случај не би требало да се подига нивото на езерото, најверојатно тоа е кота која е пресметана за да нема реќиси никакви негативни последици врз објектите околу езерото во Охрид и Струга и околните населби. Ова е очигледен пример дека лошо се менаџира со водата од Охридското Езеро и очигледен пример дека Охридското езеро служи како акомулација за складирање на вода на ЕЛЕМ“.

Последното невреме со високи бранови и силен јужен ветер кое неодамна го зафати нашиот град предизвикаа помали оштетувања и на градското пристаниште. Доколку уште еднаш се случи би можело да се очекува оштетувањата да бидат поголеми, укажува капетанот на Капетаниа на пристаништата на РМ Горан Устијаноски

Ударната сила на бранот е поголема доколку водостојот е повисок. Не е гаранција дека при повторно еднакво силно невреме дека би издржало. Имаме оштеувања на неколку сигнализациони бови, знаци“.

Деновиве преку испустот на Црни Дрим во Струга се испуштаат околу 40 метри кубни вода во секунда, а максимумот е 70 кубици. Од АД ЕЛЕМ уверуваат дека тоа во моментов е оптимално количество вода што се испушта од Охридското Езеро преку Црн Дрим со цел да се сочува безбедноста на граѓаните на Охрид и Струга и жителите по течението на Дрим.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top