• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот

Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот

Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот. Сопствениците на парцелата тврдат дека претходно ниту биле информирани ниту консултирани за поставувањето на овој објект и бараат тој да биде отстранет од имотот или да им се плати оштета. Од ЕВН пак тврдат дека далекуводот кој се наоѓа на оваа парцела не е нов и дека само вршеле реконструкција на веќе постоечкиот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во имотот на семејството Џамтоски од Охрид, кој се наоѓа во селото Лескоец пред неколку месеци, речиси преку ноќ е поставен далекувод од ЕВН Македонија. Сопствениците на парцелата тврдат дека претходно ниту биле информирани ниту консултирани за поставувањето на овој објект и бараат тој да биде отстранет од имотот или да им се плати оштета бидејќи со неговото поставување вредноста на парцелата е повеќекратно намалена, а и им е оневозможено да ја искористат за тоа што планирале.

Веднаш пријавив во полиција, а после тоа дури затекнав и работници кои го поставуваа на кои им кажав дека неможе на приватен имот да прават што сакаат без никаква претходна комуникација. Тие ископале дел од двете парцели, едната е на мојата мајка другата е на вујко ми за да го постават овој столб што го поставиле и со тоа ни ја нарушиле приватноста на имотот, вели Томе Џамтоски, еден од засегнатите.

После 22 март кога бил поставен далекуводот Џамтоски имал две-три неофицијални средби на кои преставници од ЕВН му рекле дека тоа е нивна грешка и дека случајот ќе оди на Управен одбор и дека ќе се направи договор за обештетување, но до ден денес нема никаков договор, објаснува тој.

Ова кападахиско однесување на ЕВН го принудува моето семејство и семејството на мојот вујко да прави дополнителни трошоци и да поднесе тужба до надлежен суд во Охрид, вели Џамтоски.

Од ЕВН Македонија велат дека се запознати со овај случај, но тврдат дека далекуводот кој се наоѓа на оваа парцела не е нов и дека само вршеле реконструкција на веќе постоечкиот. Ова Џамтоски категорично го негира.

Апсолутно не. Тоа може да се види и од снимките дека е сосема нов бетон, дециден е Џамтоски.

Џамтоски вели дека ќе оди до крај. Со својот адвокат веќе ја подготвуваат тужбата па случајот ќе добие судска разврска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top