Охридското семејство Шахови

Пред два века, многу охридски семејства емигрирале низ светот. Таму оставиле печат на општествениот, културниот живот, како и на начинот на организирање на македонската дијаспора.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ефимија Шахова
Efimija Shahova

Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, Охрид е богат, развиен град. Во него твори интеленгенцијата, творат првенците кои го водат градот, но ова е и периодот кој го обележале миграциите на нашиот народ, претежно во Бугарија. Илинка Јанева раководител на Историскиот архив раскажува дека едно од семејствата, кои во овој период емигрирале, а со кое Охрид може да се гордее, е семејството Шахови. Охриѓанецот Коста Шахов, активно се занимавал со издавачка дејност и се борел за подобар живот на македонците во Бугарија.Коста Шахов е едниствениот Mакедонец кој во Бугарија во тоа време издава дневен весник.

семејна куќа ШаховиТој сметал дека македонската емиграција таму најдобро ќе се организира доколку се формираат македонски друштва. Учествувал во формирањето на многу македонски друштва и тоа во Пловдив, Варна и низ други градови во Бугарија. Својата издавачка дејност ја започнал во Русе, каде наидува на политички притисок бидејќи во весниците во кои творел, зборувал за проблемите на македонците, па се сели и продолжува да твори во Софија, раскажува Илинка Јанева раководител на Историскиот архив од Охрид.

„Во Бугарија го издава весникот „Македонија“ со што ги иритира властите по што весникот е укинат. Потоа ја продолжува својата издавачка дејност во весникот „Дневни новини“, објаснува Јанева.

Илинка ЈаневаШахов издава и други весници, како „Македонски глас“, потоа учествува и во издавањето на весникот „Лоза“. Претставниците на македонската интелигенција емигрирани во Бугарија, се интегрирале во бугарскиот општествен и политички живот. Голем број од нив се наоѓале на високи административни позиции.

Карактеристично за семејството Шахови е што нивните потомци денес ги нема во Охрид, иако двете ќерки на Коста, Катерина и Ефимија, станале снаи во познатите Охридски семејства Робеви и Балавчеви, сега дел од нивната лоза е во Бугарија, а многу мал дел во Скопје, раскажува Јанева. Таа објасни дека ова семејство е само едно во низата семејства преставници на охридската интелегенција кои  заминале од Охрид, тука се и семејствата, Спространови, Фортомарови, и многу други, за кои ќе проговориме во некоја следна прилика.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top