Охридско-преспанскиот регион, под заштита

Природните убавини на Охридско – Преспанскиот регион заслужуваат заштита. Токму затоа вчера во Корча, Р. Албанија, градоначалниците на пограничниот регион од Македонија и Албанија како и претставниците на двата НП кои се во рамките на ова подрачје потпишаа декларација за прогласување на биосферен резерват на овој регион.

 |  Николоска Биљана  | 
korca
корча

korcaВчера во Корча Р. Албанија е потпишана декларација за прогласување на биосферен резерват на подрачјето на охридско-преспанскиот регион. Градоначалниците на општините од пограничниот регион на Македонија и Албанија, ја поздравуваат оваа иницијатива. Нивниот став воглавно е идентичен, дека покрај тоа што ќе се заштитат природните убавини на регионот, голем ќе биде бенефитот за туризмот. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека со потпишувањето на договорот презеле обврски кои во иднина треба да ги исполнат.

„Заштитата не се подразбира по мене  според стручните лица со кои сум разговарал, подрачјето да се покрие со стаклено звоно, туку да му се даде згоелмена вредност со која ние ќе управуваме онака како што треба за го оставиме на идните генерации“. Oчекувам поголем развој и поголемо вреднување, значи поголем број на туристи и зголемен број на инвестиции со проширувањето на целово ова подрачје“ -вели Петрески.

Општина Ресен изминатиов период спроведе низа успешни проекти за заштита на животната средина вели градоначалникот Михаил Волакноски. Додава дека потпишувањето на денешниот договор е само продолжувње во таа насока.

korca„Овој резерват на заштита на биосферата по стандардите на УНЕСКО многу ќе придонесе за заштита на нашето културно богатство на нашата животн средина и секако на двете езера најнапред ќе имаат бенефите сите жители на општина Ресен и Охрид, преку развојот на туризмот ако успееме да ја заштитиме животната средина ќе имаме и развој на туризмот во двата региона“-изјави Волканоски.

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, вели добро е што и ние како човек фактор можеме да придонесеме во заштита на природата, од што благодетите ќе ги чувствуваме сите подеднакво.

„За нас како општина е значаен овој момент бидејќи општина Пустец спаѓа во преспанскиот регион, пред се за подобра заштита на природното наследство“- рече Темелко.

Аријан Мероли од Билатералниот секретаријат на Албанија, вели дека потпишувањето на документот за соработка и декларацијата е чекор за воспоставување на новиот статус на регионот, кој води до прогласување за природен раритет од страна на УНЕСКО.
Иницијативата за прогласување на биосферниот резерват потекна од ЈУ НП Галичица, кои за таа цел минатата година организираа тридневна конференција во Хотел „Метропол“,  Охрид. Во овој проект требаше да биде вклучена и Р. Грција но тие не учествуваа ниту на  конференцијата поради нерешениот проблем со името.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top