Граѓаните од Охрид и околината кои имаат проблем со своите имоти, директно можат да му ги кажат на директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Љупчо Ѓеоргиевски.
Граѓаните од Охрид и околината кои имаат проблем со своите имоти, директно можат да му ги кажат на директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Љупчо Ѓеоргиевски или пак на неговите лични соработници. Охриѓани веднаш ја искористија оваа можност и побараа прием од првиот човек на агенцијата.
„Јас доста време чекав поради новиот премер што е направен, имав некои промени од стариот премер порано некои места се поместени, поточно она што беше мое сега е од комшијата и обратно. Доста врме чекавме. Една година сигурно се мачев, а бев и во Скопје за случајов и некако го средивме“, истакна еден граѓанин.
Подрачното одделение при Агенцијата за катастар на недвижнини во Охрид е едно од најпроблематичните во земјава, дали поради атрактивноста на земјиштето, или недоволно добро функционирање на одделението, признава првиот човек на агенцијата за катастар на недвижнини, Љупчо Ѓеоргиевски.
„ Еден дел е неажурноста, но не би го свел само на тоа, во овој момент како што ме информираа според бројот има околу 35 граѓани веќе поминати, на голем дел од нив им е помогнато, меѓутоа голем дел од нив се упатени во други постапки. Ние како кастар сме последна алка и мора да ги има сите документи за да ги проверат, но тоа не ни дава комоција во однос на решавањето на предметите“, вели директот на агенција за катастар на недвижнини, Љупчо Ѓеоргиевски.
Ѓеоргиевски најави дека согласно акцијата која ја спроведува агенцијата за катастар и во Охрид за месец или два ќе биде пуштен во употреба електронскиот катастар. Директорот додава дека оваа промена е посебно добра за граѓаните кои имаат недвижности во други градови од државава, така да преку овој систем ќе можат да вадат имотни листови во Охрид и обратно. Првиот човек на агенцијата уште додава дека овој ситем ќе биде олеснување и за менаџерски тим, затоа што преку него полесно ќе можат да го следат работењето на вработените. „Секој кој поднесува барање во електронски формат веднаш ќе биде евидентиран во колку часот го испратил истото, а ние имаме обврска во кој временеки период треба да постапиме по предметот. Тоа не значи дека мора да му се одговори позитивно, но уште помалку значи дека предметот треба месец, два да стои во фиока“, вели Ѓеоргиевски. Директорот даде свое видување и на поплаките од граѓаните дека Охридскиот катастар е еден од позатворените во државава. Тој вели дека досега се труделе катастарот како институција да биде максимално транспарентна, но тоа најмногу зависи од менаџерот на охридскиот катастар. Првиот човек на агенцијата за катастар истакна дека внатрешната контрола на агенцијата минатиот месец пронашла низа неправилности и скриени предмети во фиоки по охридскиот катастар.
„Минатиот месец таа бројка излегуваше околу 60, 70 нерешени предмети, меѓутоа јас се сомневам во тоа и пративме контрола. Најдовме преку 100 предмети скриени во фиока. Превзедовме сериозни санкции, дисциплински мерки, а има и отпуштања, од работа. Сега во овој момент бројката е исто околу 100 тина . Се додека не се спроведе електорнскио катастар неможеме со сигурност да кажеме, затоа што е специфичен град и катастар“, вели Ѓеоргиевски.
Првиот човек на агенцијата за катастар Георгиевски најави дека во иднина охридскиот катастар ќе биде повеќе отворен за медиумите, затоа што како што кажа токму тие се средството за комуникација со граѓаните.
Посетата на првиот човек на Агенцијата за катастар на недвижнини во Охрид е во рамки на организираните средби со граѓаните, кои петта година по ред се одржуваат помеѓу стручните тимови на катастарот и граѓаните.
Своите поплаки и забелешки, охриѓани ќе имаат можност да им ги кажат на претсставниците на катастарот од денес до сабота, од 9 до 18 часот, во подрачното одделение на Агенцијата за катастар на недвижности.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град