„Охридско лето“ со високо реноме, а Охрид на ниски гранки со културни институции

Фестивалот Охридско лето има високото реноме меѓу фестивалите во Европа, а Охрид сеуште нема концертна сала. Недостасуваат и културни институции како што се куклен театар, филхармонија, опера и балет.

 |  Валентина Нелоска  | 
Zoran Letra
Зоран Летра

Фестивалот Охридско лето има високото реноме меѓу фестивалите во Европа, а Охрид сеуште нема концертна сала. Недостасуваат и културни институции како што се куклен театар, филхармонија, опера и балет.  Преставниците од Фестивалот Охридско лето, Зоран Велјаноски Летра и Гордана Јосифоска Неделкоска се вратија задоволни од Варна каде што  учестуваа на генералното собрание на европската фестивалска асоцијација, но сепак со една доза на огорченост. Додека помалите европски  градови ги имаат овие културни институции и објекти  ние сме многу назад. Насекаде во светот Локалната самоуправа инвестира во инфраструктурата и  вложува  во развојот на фестивалскиот туризам, но тоа не е случај со нашата, истакнува Летра.

„Кај нас, за жал во изминативе години, а посебно лани, Локалната самоуправа не издвои ни еден денар, ни даде логистичка поддршка за Охридско лето иако тој е оценет како врвен фестивал во Европа, укажува Летра“.

Охридско лето од останатите учесници при увидот во програмата за 2010 година високо го оценија како еден од најквалитетните фестивали во Европа, истакна Зоран Велјаноски Летра, претседател на Управниот одбор на фестивалот.

На генералното собрание учесниците прифатија современ мултимедијален концепт на фестивалите вели Летра. Таков концепт ќе има и  51–то фестивалско издание на Охридско лето со свеченото отварање со „Трилогија Романа“, светска премиера која директно од Валенсија и Рим ќе се изведува и во Охрид.

Инаку, на генералното собрание на европската фестивалска асоцијација во Варна што се одржа од 28 април до 1 мај учествуваа повеќе од 100 фестивали од 40 европски земји и Блискиот Исток.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top