Утревечер на Охридско лето првата премиера.
„Мизантроп“ на текст на Жан Батист Поклен-Молиер, а во изведба на Турскиот театар од Скопје, на репертоарот на Охридско лето утревечер. Ова ќе биде првата од шесте премиери на Охридско лето.
Селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолески не го криеше своето задоволство што токму Турскиот театар од Скопје ќе ја одигра првата премиера на овогодинешното издание на фестивалот.
„Турскиот театар е карактеристичен токму по младта актерска екипа која неколку години го освојува Турскиот пазар не само во Македонија туку и на светските театарски сцени“, вели Ѓорѓи Јолески, драмски селектор на Охридско лето.
Според директорот на Турскиот театар од Скопје, Атила Клинче, Молиер бил огромен предизвик и за младата актерска екипа на оваа национална установа која, како што вели, подеднакво им се посветува и на комедиите и на трагедиите. „Да се справиме со Молиер ни беше еден огромен предизвик“, вели Клинче и додава дека во проектот биле вклучени и студенти од втора година.
„Прекрасно е да се биде во овој реномиран фестивал. Твојот концепт на некој начин им овозможи на сите театри не само од републиката и надвор од републиката да присуствуваат со разноразни претстави. На оваа драгоцена публика им нудиме широка лепеза на разни претстави од комедии, трагедии и реномирани кои учествуваат на овој фестивал“, вели Атила Клинче, директор на Турскиот театар од Скопје.
Режисерката на претставата Драгана Милошевска-Попова, на која „Мизантроп“ и е трет проект во Турскиот театар, вели дека темата на Молиер ја познава одлично, како резултат на тоа што со неа се занимавала цели три години. Таа додава дека оваа тема секој ја разработува од различни аспекти, и додава дека она што посебно ја фасцинира е времето во кое творел Молиер, неговиот живот и тетарскиот живот во времето кога тој пишувал.
„Се занимаваме со различни прашања. Со прашањето зошто еден човек станува Мизантроп. Што значи тоа денес за нас,што значело тогаш во тоа време за Молиер, што значело во тие општествени околности и што тоа нас ни значи денес. Со прашање на пријателство, љубов искреност, лојалност. Се занимаваме со таков тип прашања и пробавме да направиме еден свој свет, своја приказна која е доста серизна, а од друга страна доста волшебна. Во исто време твори и Ла Фонтен кој има друга развојна линија и различен животен пат од Молиер“, истакна Драгана Милошевска-Попова, режисер на претставата.
И за главните ликови во претставата Селпин Керим и Сузан Акбелге „Мизантроп“ бил огромен предизвик. Тие велат дека многу научиле од оваа претстава.
„Она што мене Мизантроп ми даде како еден актер е буквално како нова страница нови видици, нов систем на работа и како секој актер кој тоне во сон од време на време, од улога до улога од престава на претстава да се труди да не се повторува ова е еден шамар едно ново будење за мене и како секој пристап кој го имам кога градам еден лик, апсолутно секогаш правам симбиоза со себеси и овој пат пробав да направам“, вели актерот Селпин Керим.
Претставата „Мизантроп“ премиерно на фестивалот Охридско лето ќе биде изведена утревечер на сцената во предворјето на црквата Св Софиа, а вечерва пак, на програмата е концертот на Сергеј Малов, еден од подобрите виолинисти од помладата генерација. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“со почеток во 21 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град