Фестивалот Охридски лето премина во национална установа. Со најновите измени на стутот на оваа институција охриѓани, конечно ќе добијат побогат културен живот. Фестивалските манифестации ќе се одржуваат во текот на 365, а не како досега само во 40 дена фестивалско живеење. Се предвидуваат низа можности, покрај организирање на фестивалот, се предвидени копродукции на филмски и театарски престави, печатење и издавање книги и весници, репродукции, угостителси услуги, арт кафе, продажба на сувенири, организирање на меѓународни саеми, конгреси и семинари посебно на фестивалските филмови,“ објаснува Летра. Измените на статутот одат во прилог на финансиско јакнење на Фестивалот. За да се надминуваат финансиските загуби, фестивалот сега од свои извори ќе остварува финансиски средства. Нема како досега да се чекаат буџетски пари вели претседателот на Управниот одбор на Фестивалот Охридско лето, Зоран Велјаноски – Летра.
„Финансиската годишна поддршка од ресорното Министерство и понатака ќе ја има, но за да имаме богата програма и задоволни вработени треба да има и повеќе пари и приходи,а не само од спонзори“, нагласува Летра.
Новиот статут предвидува, исто така и одлука дали да се постави или не уметнички директор на фестивалот, и таа да ја има директорот на НУ. Тој ќе го има последниот збор и ќе одлучи дали може да се најде во двете улоги, во менаџерската и во уметничи директор, или ќе ја подели оваа функција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град