Охридскиот бренд АД „Жито леб“ го освојува пазарот во соседна Србија со познатото охридско ѓеврече. Тие велат дека се задоволни од тоа како се прифатени нивните производи во Србија, а додаваат дека веќе размислуваат за проширување на бизнисот и во останатите пазари на Балканот.
Познатиот охридски бренд, АД Жито леб успешно ги освојува пазарите во соседните земји. Од таму велат дека во моментов, вистински хит на српскиот пазар се нивните познати охридски ѓевречиња, но додаваат дека до крајот на годината ќе почнат со извоз и на уште еден препознатлив свој производ, односно со производната линија апетисимо.
„Сигурно дека најпрво отидовме со нашиот бренд, кој вие добро го знаете, нашето охридско ѓеврече кое го имаме во две варијанти, како бело охридско ѓеврече и ржано охридско ѓеврече. Пробавме на пазарот во Србија, засега сме успешни и се надеваме дека ќе се прошируваме и понатака со овие два производи кои таму ги нудиме во полупечена форма, смрзнати и каде што се печат на лице место.“-вели Горан Андоноски, шеф на производство во АД „Жито леб“-Охрид.
Андоноски вели дека АД „Жито леб“ постојано вложува во нови технологии, но и дека никогаш не се заборава традиционалниот начин на приготвување на тестото за охридското ѓеврече.
„Кога се произведува рачно ѓеврекот, не можеме да ги постигнеме тие бројки кои ги постигнуваме во моментот, меѓутоа најважно, еве ги запознавам со тоа сите граѓани е дека замесот на тестото е задржан од стари времиња, ние како технолози воопшто немаме извршено никаква промена на замесот. Автоматизацијата ја има исклучиво само во обликувањето, да не е рачно обликувањето на ѓеврекот, значи рецептурата останува стара и со таа рецептура одиме и на наш пазар и на пазарот во Европа и се надевам дека само така можеме да сме успешни без многу автоматизација и менување на рецептурата на тестото.“-рече тој.
Андоноски додава дека не запираат само на српскиот пазар туку планираат проширување на бизнисот и во Косово, Албанија, Хрватска, Словенија, а преговори се воделе и со Грција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град